ANSAMBLI NACIONAL SHQIPTAR
НАЦИОНАЛЕН АЛБАНСКИ АНСАМБЛ
ALBANIAN NATIONAL ENSEMBLE
Мени

Албанскиот државен ансамбл за песни и ора во Република Северна Македонија е основан на 57-та седница на Владата на 6 март 2018 година како национална институција за албанска култура.
Првите почетоци на нејзината консолидација започнаа со објавување на аудиција за прием на уметнички персонал во мај 2019 година.
Во оваа аудиција изборот на уметници го направија компетентни имиња на албанска музика од сите наши територии и врз основа на нивниот рејтинг беа избрани сегашните уметници кои се состојат од: танцова сесија на 20 танчери, оркестарска постава од 9 инструменталисти и вокална сесија на 8 солисти.
Првиот концерт со своја програма и капацитет но и со ангажман на најдобрите албански кореографи и музичари се одржа на 16.11.2019 година во Тетово, пред стотици гледачи.
Во овој ансамбл работи и административниот сектор со 10 вработени. Директор на Државниот ансамбл на албански песни и ора во Р.С.М со четиригодишен мандат, од 13 ноември 2019 година е избран славниот албански тенор и уметник Шкодран Толај.